Home Спорт Страв во соблекувалната на Баерн: Хамес не знаел ни кој е, ни каде е!

Страв во соблекувалната на Баерн: Хамес не знаел ни кој е, ни каде е!

Баерн Минхен го претрпе првиот пораз во 10-от натпревар под водство на Јуп Хејнкес откако загуби на гости кај Борусија Менхенгладбах со 1-2.

Но, вистински хорор се случувал на полувремето од овој натпревар. Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез имаше судир со главите со противничкиот фудбалер Тони Јанчке, а тоа оставило длабока трага.

Тренерот Јуп Хејнкес по завршувањето на натпреварот изјави дека Хамес не се сеќавал на ништо од првото полувреме, не знаел ни кој е, ни каде е, па веднаш бил хоспитализиран.

Сега неговата состојба е стабилна, а таквите реакции биле резултат на потрес на мозокот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…