Актуелно

Стопирана работата на пругата Македонија-Грција: Ќе фрчат тужби за бугарскиот конзорциум

Прекинати се сите работи на изградбата на пругата Битола – Кременица кон Грција. Бугарскиот конзорциум што победи на тендерот не ги почитуваше договорените работи.

Министерот за транспорт и врски, Владимир Мисајловски вели дека бугарската фирма што работеше не го почитувала договорот по што ќе биде активирана банкарската гаранција.

Компанијата не го испочитува договорот, а како Влада мора да го заштитиме државниот интерес. Многу внимателно разгледувавме со ЕУ, бидејќи овој проект се гради со пари од ИПА средства, па сега процесот е во раскинат договор, а секако ќе се испочитуваат законските прописи кои важат во Македонија, и кои оставаат простор за активирање на банкарска гаранција, изјави Мисајловски.

За изградбата на оваа делница предвидени се 20 милиони евра од ИПА фондовите.

Подизведувачите, компаниите од Македонија кои беа ангажирани да работат дел од пругата за бугарскиот конзорциум се жалат дека не добиле пари за сработеното.

Мисајловски најави нов тендер за избор на нова компанија што ќе ги доврши работите околу изградбата на пругата, но за тоа, вели, дека чека инструкции од ЕУ.

Пругата е долга 17 километри и требаше да биде готова пред два месеци.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top