Home Живот и здравје Со лесен и брз лек за имунитет до поздрав организам против настинката

Со лесен и брз лек за имунитет до поздрав организам против настинката

Она што најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите е едноличната исхрана.

Токму затоа најважно е редовно да консумираме овошје и зеленчук, особено она што е богато со витамин С и цинк,  бидејќи цинкот го намалува траењето на настинката, а го има во јагнешкото и свинското месо, во семките и во оревите, во житариците и во морските плодови.

Потребни ви се:

100гр суво грозје

150гр ореви

100гр бадеми

сок и кора од 2 органски лимони

100гр суви кајсии

100гр суви сливи

250-300гр мед

Сомелете го сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додајте го сокот од лимон, измешајте и ставете ги измелените суви сливи и кајсии. Измешајте и додадете мед. Ставете ја смесата во тегла и оставете ја да постои на темно место ден-два, па потоа преместете ја во фрижидер. За деца постари од 3 години се препорачува по една лажичка два пати дневно, а возрасните по една до две лажички три пати дневно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје

Напишете коментар

Check Also

Кожени сукњи кои се наоѓаат на нашата есенска листа на желби

Кожата (особено еко кожата) има таа ретка модна карактеристика поради која се враќаме на н…