Home Актуелно Столтенберг предупредува дека НАТО снемува оружје за војната во Украина

Столтенберг предупредува дека НАТО снемува оружје за војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупредува дека постоечката западна понуда на муниција „не е одржлива“ на сегашното ниво, бидејќи потрошувачката е многу поголема.

Столтенберг оцени дека конфликтот во Украина сега станува „битка на логистика“, па сојузниците на Киев мора да го засилат производството.

„Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка на Украина е да го направиме она што сега почнавме да го правиме, а тоа е да се ангажираме со одбранбената индустрија за да бидеме сигурни дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори“, додаде тој.

Меѓутоа, истакна дека НАТО „ќе стои со Украина колку што ќе биде потребно“.

„Не можеме да дозволиме (рускиот претседател Владимир) Путин да победи во Украина. Тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас“, кажа Столтенберг.

На прашањето дали на Украина ќе ѝ биде дозволено да се придружи на воениот сојуз, одговори дека ставот на западниот воен пакт е непроменет.

„Украина ќе стане членка на НАТО, но сега фокусот е да се обезбеди да остане суверена, независна нација во Европа“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…