Home Актуелно МОН упати препорака до основните и средните училишта повторно да се подготват за онлајн настава

МОН упати препорака до основните и средните училишта повторно да се подготват за онлајн настава

Министерството за образование и наука во допис до сите основни и средни училишта упати препорака во деновите кога училиштата ќе добијат дојава за наводно поставена бомба да организираат онлајн настава.

Од МОН велат дека повеќе нема да дозволат тој ден наставата воопшто да не се одржи.

Според МОН, за еден час по дојавата за бомба, учениците и наставниците ќе треба да бидат подготвени од дома да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.

Во дописот биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…