Столтенберг: НАТО не бара војна со Русија и нема воено да интервенира во Украина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека Алијансата нема да биде дел од конфликтот меѓу Русија и Украина. Столтенберг ова го изјави после вонредниот состанок во Брисел. Тој најави дека се очекува влошување на воената криза во Украина по руската инвазија, пренесува Радио Слободна Европа.

Војната во Украина ќе донесе се повеќе жртви и уништувања во наредните денови, деновите што следуваат ќе бидат се полоши, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер по денешниот вонреден состанок во Брисел. Тој го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги повлече сите војници од Украина без услови. Столтенберг посочи дека сите земји членки и партнери на Алијансата ја осудуваат руската агресија врз Украина и додаде дека ова е „војна на рускиот претседател Владимир Путин кој сам ја планираше и предизвика“.

Столтенберг додаде дека сојузниците се согласни дека не треба да има авиони на НАТО во украинскиот воздушен простор, како и дека војска на алијансата не треба да има на украинска почва. Одговорноста на Алијансата е да осигура дека воениот конфликт во Украина нема да се прошири надвор од нејзината територија.

„Затоа ние јасно застанавме на ставот дека нема да се поместиме кон Украина, ниту преку земја, ниту преку украинскиот воздушен простор. Единствен начин да воведеме зона на забранети летови е да испратиме воени авиони на НАТО во украинскиот воздушен простор со тоа што ќе ја спроведеме таквата одлука со соборување на руски авиони. Нашата проценка е дека го разбираме очајот, но ако го направиме тоа веруваме дека ќе завршиме во војна во Европа во која ќе бидат инволвирани многу повеќе земји и ќе предизвикаме многу поголемо човечко страдање. Тоа е причината поради која ја донесовме оваа болна одлука, да воведеме строги санкции, да дадеме поддршка но не и да го инволвираме НАТО повеќе“ изјави Столтенберг.

Русија користи касетни бомби во Украина, вели Столтенберг.

„Видовме употреба на касетни бомби и видовме извештаи за употреба на други видови оружје што би било во спротивност со меѓународното право“, изјави тој за новинарите во Брисел.

Столтенберг побара од руските власти да ги прекинат нападите кон Украина и додaде дека НАТО и натаму ја остава отворена опцијата за дипломатско решение на воената криза.