Home Актуелно Стигна одговор од БПЦ: Наша света должност е да ѝ бидеме црква-мајка на МПЦ

Стигна одговор од БПЦ: Наша света должност е да ѝ бидеме црква-мајка на МПЦ

Во ситуација кога МПЦ-ОА ја признава БПЦ-БП за своја мајка-црква, БПЦ-БП со свест за својот свет долг презема обврска да покаже целосна соработка да посредува и да ги застапува православните цркви, преземајќи ги сите неопходни чекори за утврдување на канонскиот статус на МПЦ, се вели во одлуката на Светиот синод на БПЦ по повод испратеното писмо од Македонската православна црква.

– Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија на седницата на 27.11.2017 година, во полн состав, го разгледа писмото № 676 / 14.11 .2017 година на македонскиот архиепископ Стефан, претседател на Светиот синод на МПЦ. Бугарската православна црква – Бугарскиот патријаршија никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква, поради што, по направени консултации Светиот синод едногласно ОДЛУЧИ: Во ситуација кога МПЦ-ОА ја признава БПЦ-БП за својот мајка-црква, БПЦ-БП со свест за својот свет долг презема обврската да покаже целосна соработка да посредува и да ги застапува православните цркви, преземајќи ги сите неопходни чекори за утврдување на канонскиот статус на МПЦ. Синодалната архиерејска комисија се одредува за преговори со МПЦ и другите помесни православни цркви за воспоставување канонски статус на МПЦ во состав: Старозагорски митрополит Кипријан – претседател, и членови: Ловчанскиот митрополит Гавриил, пловдивскиот митрополит Николај, западно и средноевропскиот митрополит Антониј, варненскиот и великопреславски митрополит Јован, неврокопски митрополит Серафим, русенски митрополит Наум и брачанскиот митрополит Григориј – се вели во одговорот од БПЦ до МПЦ, пренесува Макфакс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…