Home Спорт „Старата дама“ го нуди Хрватот за да ја добие ѕвездата на Ливерпул

„Старата дама“ го нуди Хрватот за да ја добие ѕвездата на Ливерпул

Италијанскиот весник „Тутоспорт“, кој е близок до Јувентус, пренесува дека „старата дама“ и Ливерпул би можеле да направат трампа во зимскиот преоден рок.

Имено, на играчот за врска на Ливерпул Емре Чан му истекува договорот на крајот на сезоната, а Јувентус сака да потпише преддоговор со Германецот уште во јануар за да може да го добие бесплатно за шест месеци.

Раководството на Ливерпул е спремно да го испрати Емре Чан во Торино уште во јануари, но само под еден услов – на „Енфилд“ да дојде Марко Пјаца.

Со оглед на фактот дека Јувентус ќе го добие Германецот за шест месеци бесплатно, тешко е да се поверува дека ќе го „жртвува“ Марко Пјаца. Поради тоа преговарачката моќ на Ливерпул во овој случај е слаба.

Сепак, не е исклучено „црвените“ покрај Емре Чан да понудат и одредена сума на пари, на што „бјанконерите“ би можеле да се согласат со оглед на фактот дека Пјаца многу ретко добива шанса кај Алегри иако е целосно рехабилитиран од повредата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…