Станати сме комарџиска нација: Македонија втора во Европа по број на вработувања во дејностите за коцкање и обложување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 2019 година според процентот на вработени во дејностите коцкање и обложување од вкупниот број вработени, Македонија беше позиционирана на неславното второ место во Европа, веднаш зад Малта, со 1,31 отсто од вкупниот број вработени.

Според податоците на Евростат, во споредбата со земјите членки на ЕУ, но и Црна Гора, Македонија, Србија и Турција и Обединетото Кралство, во 2019 земјава имала околу 797.600 вработени, а околу 10.300 од нив биле во дејноста „комар и обложување“.

Само во Малта, која е позната како земја што негува онлајн обложување, поголем процент од вработените се во оваа дејност. Односно од 254.700 вработени, околу 9.300 се во дејноста игри на среќа. Односно, процентуалната бројка е 3,73 отсто.

Процентот е најнозок во Турција, со само 0,04 отсто, каде од околу 28.078.900 вработени, околу 11.400 работат во дејноста „коцкање и обложување“.