Home Актуелно Стабилен четврток со сонце и умерена облачност

Стабилен четврток со сонце и умерена облачност

Времето во Македонија денеска, четврток, 20. април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, a дневната температура ќе достигне до 20 Целзиусови степени. Маврово 11, Охрид 18, Битола 19, Крива Паланка 17, Берово 15, Дојран и Кавадарци 22.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 12 до 23 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…