Home Актуелно Асфалтот се топи, температурите одат и до 45 Целзисузови – пекол зафати делови од Азија

Асфалтот се топи, температурите одат и до 45 Целзисузови – пекол зафати делови од Азија

Делови од Азија овој месец се најдоа на удар на топлотен бран со рекордни температури измерени во Кина.

Поради жештините во Индија неколку лица загинаа, а на некои места училиштата беа затворени.

Претходните години Индија често беше изложена на екстремни временски услови, а експертите стравуваат дека ситуацијата оваа година може да биде уште полоша.

Во Кина, според локалните медиуми, рекордни температури за април се регистрирани во неколку области вклучувајќи ги Ченгду, Жеџијанг, Нанџинг, Хангжу и други во регионот на реката Јангце, пишува Гардијан.

Невообичаено високи температури се забележани во Југоисточна Азија, а во Лаос оваа недела се измерени рекордни 42,7 степени.

Во Тајланд, метеоролозите соопштија дека температурата достигнала 44,6 степени, во провинцијата Так во неделата, што е исто така рекорд за април.

Се предвидува, сепак, до крајот на неделата температурите да достигнат до 45 степени Целзиусови.

Во Дака, главниот град на Бангладеш, саботата беше најтоплиот ден во последните 58 години кога беа измерени 40 степени, што доведе до топење на асфалтот на некои патишта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…