Србинот Ервин Качар нов играч на Победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од денес нов играч на Победа е 26-годишниот српски фудбалер Ервин Качар. Попладево тој беше промовиран од спортскиот директор Александар Крстески.

Качар потекнува и во најголем дел од кариерата настапувал за тимот на Нови Пазар и тоа најчесто на позицијата денес бек, повремено и десно крило. Со неговиот ангажман Стручниот штаб планира да ја пополни празнината по неочекуваното и некоректно заминување од клубот во текот на подготовките во Банско на Бојан Георгиевски.

Качар е 6-тото засилување на Победа за новата сезона. Претходно ангажирани беа- Борче Маневски, Нове Ацески, Ѓоре Јованоски, Тулат Хумбатов и Јасир Асани.