Home Актуелно Србија вонредната состојба ја укинува на Ѓурѓовден

Србија вонредната состојба ја укинува на Ѓурѓовден

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека вонредната состојба во Србија најверојатно ќе биде укината на Ѓурѓовден, поточно на 6 мај.

Обраќајќи се на ТВ Пинк, Вучиќ рече дека потпишаниот предлог на претседателот и премиерката ќе оди во среда на Собрание и дека се очекува конечно вонредната сосотјба да биде укината во четврот.

„Тоа би значело дека од четврток нема да имаме полициски час“, рече Вучиќ.

„Секако дека на луѓето им е тешко да бидат дома, но тоа беше единствениот начин да ги сочуваме нашите родители, да ги сочуваме младите луѓе и мислам дека во најголем дел успеавме“, додаде претседателот на Србија.

Претседателот претходно образложи дека на државата ѝ било многу важно мислењето на струката кога е во прашање епидемијата од корона вирусот.

„Ние се определивме за заштита на животот. Замислете да го направевме она што го направи Шведска, која има повеќе од 3.000 мртви“, истакна претседателот Вучиќ. „Не го намалувавме бројот на мртвите, не го намалувавме бројот на тестовите“, додаде тој.

Тој рече дека сега многу помасовно се тестира за да се откријат поголем број пациенти со полесни симптоми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…