Home Актуелно Србија размислува да врати 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија

Србија размислува да врати 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ синоќа се обрати на вонредна конференција за медиуми по тензиите на северот на Косово.

„Како што предупредивме, (косовскиот премиер Аљбин) Курти продолжи со незаконските и насилни акции со цел окупација на северот на Косово и Метохија. Околу 300 до 350 полицајци, некои со панцири, како и припадници на специјалните сили РОСУ со полна воена опрема и оклопни возила упаднаа на северот на КиМ… Потоа се распоредија и ја блокираа цела Косовска Митровица, и се стационираа во мешаните населби на северниот дел на Косовска Митровица“, кажа Петковиќ.

Тој истакна дека тие немаат право да бидат таму, туку само полицијата на директоратот Север.

„Јас ќе повторам особено за оние од Западот дека албанската полиција од југот упадна на северот на Косово и Метохија иако тоа е спротивно на Бриселскиот договор. Тоа сите добро го знаат и сите се прават луди и му дозволуваат на Курти да почнува вакви акции чија цел е да го уништат Бриселскиот договор“, кажа тој.

„Сега, имајќи предвид дека Курти сака да предизвика насилство и да ги протера Србите од КиМ, Белград ќе размисли за враќање до 1.000 припадници на нашите безбедносни сили на Косово и Метохија според Резолуцијата 1244 (на Советот за безбедност на ОН)“, кажа Петковиќ.

„Нека водат добро сметка тие на Западот, особено менторите на косовската независност, да не бидат изненадени од одлуките на Белград, бидејќи не сме ние тие кои провоцираат, го кршат Бриселскиот договор, туку сето тоа го прави Аљбин Курти и тоа очигледно некој му го дозволува“, кажа Петковиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…