Србија на големо се вакцинира против КОВИД-19, ЕУ го прими барањето за регистрација на руската вакцина „Спутник V“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека ние уште чекаме на први дози од вакцината против коронавирусот, во Србија започна масовната ревакцинација на жителите.

Досега таму се вакцинирани над половина милион граѓани – некои со прва, а други со втора доза на вакцина, изјави денеска министерот за здравство Златибор Лончар во Центарот за вирусологија „Торлак“, каде ја прими втората доза на вакцината.

-Во Србија официјално започна ревакцинацијата со Кинеската вакцина, таа ќе се одвива на 200 пунктови низ државата. Важно за граѓаните е да одат на истото место каде биле вакцинирани, таму ќе ја примат втората доза,вели Златибор Лончар, Министер за здравство на Србија.

Министерт Лончар рече дека ако имунизацијата продилжи со ова темпо до лето има шанса да се стави коронавирусот под контрола, сепак, ги предупреди граѓаните да не се опуштаат по примање на првата доза. Исто така, утрово на белградскиот аеродром пристигнаа 50.000 нови дози на руската вакцина „Спутник V“, а вчера пристигнаа 8.190 дози на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

На ниво на ЕУ сè уште се чека зелено зветло за руската и за кинеската вакцина. Унијата денеска го прими барањето на Москва за регистрација на руската вакцина и допрва ќе одлучува, но Унгарија веќе ја одобри за употреба.

Јужна Африка, откако ја прекина вакцинацијата со „АстраЗенека“, одлучи да премине на вакцината „Џонсон и Џонсон“ за која што имаат докази дека 85 % е ефикасна против Јужноафриканската варијација на вирусот.

-Вакацината на „Џонсон и Џонсон“ беше проучувана во Јужна Африка, во обемните истражувања беа вклучени и стари лица. Добиените докази покажуваат дека против варијантата во Јужна Африка позната како „501y в2“ вакцината на „Џонсон и Џонсон“ се покажа како многу ефикасна и тоа 85 проценти штити од хоспиталилација и од потешки последици на болеста,изјави Салим Абдул Карим, Заменик на комитет за здравство на Јужна Африка.

Танзанија пак, е една од ретките земји во светот каде што во текот на пандемијата се минимизира значењето на коронавирусот, а властите одбија да го запрат ширењето на вирусот со воведување на заштитни мерки. -Ковид- 19 ги убива луѓето и гледаме многу такви случаи, но не смееме да зборуваме на таа тема, изјави за „Гардијан“ лекар од државната болница во најголемиот град во Танзанија Дар ес Салам, кој како и многумина побарал да не биде спомнуван од страв од можна казна.