Home Актуелно Според руското МО 24 платеници од Македонија загинале на украинските боишта

Според руското МО 24 платеници од Македонија загинале на украинските боишта

Руската амбасада во Скопје сподели информација на руското Министерство за одбрана за бројот на странски платеници кои се борат во Украина, според кои во борбите со руските сили досега загинале 24 македонски државјани, 19 си заминале, а вкупно на фронтот имало 79 платеници од Македонија.

Според овие податоци, во моментов во Украина би требало да се наоѓаат најмалку 36 лица од Македонија кои учествуваат во борбите.

Руското Министерство за одбрана наведува дека ги следи и регистрира по име и презиме сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија.

„Според меѓународното хуманитарно право, странските платеници не се борци и најдоброто што ги чека, доколку бидат фатени живи, е судење и добивање на максимална затворска казна“, порачува министерството, а пренесува Амбасадата на Руската Федерација.

Министерството им порачува на лицата кои се наоѓаат во Украина или се тргнати за да се приклучат на украинските сили, „да се вразумат и да се вратат дома живи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…