Според Петковски Пендаровски не е фаворит кај етничкиот македонски електорат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот кандидат за претседател на Македонија, Тито Петковски, претседателот на НДСП, партнерот на актуелното владино коалиционо мнозинство, на гостување во „Клук плус“ емисијата изјави оти смета дека Стево Пендаровски би можел да освои помалку гласови од Гордана Силјановска Давкова кај етничките Македонци на претседателските избори на 27 април.

„На домашен терен кај македонскиот електорат фаворит може да биде Гордана Силјановска, но нејзин голем хендикеп е оддалеченоста од албанскиот. Пендаровски ја има таа среќа што и на изборите пред пет години и денес има огромна поддршка кај албанските бирачи“ – рече Петковски во студиото на ТВ21.