Home Актуелно Советник во кумановската општина уапсен за нападот на Зијадин Села

Советник во кумановската општина уапсен за нападот на Зијадин Села

Вчера во Куманово е приведен Тони Трајковски, еден од осомничените за претепувањето на пратеникот Зијадин Села. Информацијата ја објавија повеќе медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од СВР Куманово. МВР се уште официјално не ја потврдува информацијата.

Според информациите досега објавени, Тони Трајковски е советник во општина Куманово од коалицијата ВМРО ДП и ТМОРО ВЕП. Тој на објавената видео снимка од насилствата на 27 април се гледа како го влече крвавиот Села по ходниците на Собранието.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…