Home Актуелно Социјализмот е секаде ист: Венецуела брише нули од банкнотите, Мадуро лаже за причините за инфлацијата

Социјализмот е секаде ист: Венецуела брише нули од банкнотите, Мадуро лаже за причините за инфлацијата

Новите банкноти на венецуелската валута боливар од вчера се во оптек, а шефот на државата Николас Мадуро проценува дека новата мерка е „100 отсто успешна”.

– Банкарскиот систем се одесува како шампион, рече Мадуро во порака објавена синоќа на Фејсбук.

Пуштањето на банкнотите на кои се избришани пет нули е дел од економскиот план за опоравување на економијата на Венецуела, земја од која милиони луѓе бегаат поради кризата.

Многу аналитичари не сметаат дека владиниот план за економско заздравување е одржлив.

Улиците во главниот град на Венецуела беа празни вчера, повеќето продавници беа затворени, а сообраќајот успорен.

Мадуро смета дека економската криза и хиперинфлацијата во неговата земја се должи на „економската војна”, која ја води венецуелската десница и САД за да соборат од власт.

Извор: Лидер

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…