Состанокот со лидерите од Г7 – прв меѓународен настан на Џо Бајден како претседател на САД


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешниот состанок со лидерите од Г7, американскиот претседател Џо Бајден ќе го разгледа глобалниот одговор на пандемијата на коронавирус и напорите за обнова на светската економија, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки. Истовремено, ова ќе биде прв меѓународен настан за Бајден откако ја презеде претседателската функција во САД.

Бајден исто така ќе разговара за потребата од инвестирање во колективна конкурентност за решавање на предизвиците што ги носи Кина, како и за климатските промени, изјави Псаки пред новинарите на брифинг.

Виртуелната средба е првиот меѓународен настан на новиот претседател на САД со другите светски лидери во групата која ги вклучува Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Канада.

Бајден ќе се фокусира на глобалниот одговор на пандемијата, вклучувајќи го производството на вакцини и распределбата на залихите и на тековните напори за борба против нови инфекции.

Тој исто така ќе разговара за глобалното економско закрепнување, вклучително и за важноста за одржување на економската поддршка за закрепнување во сите индустриски развиени земји и важноста за обновување на глобалните улоги за „справување со економските предизвици како оние што ги носи Кина“, додаде Псаки.