Сорос заедно со други милијардери бараат воведување данок на богатство во САД


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милијардерот и филантроп Џорџ Сорос, заедно со уште неколкумина милијардери, бараат воведување на данок на богатство во Соединетите Американски Држави.

Сорос, наследничките Реган Прицкер и Абигал Дизни, како и ко-основачот на „Фејсбук“ Крис Хјуз сметаат дека со воведување на овој нов данок ќе се помогне во решавањето на огромните разлики меѓу богатите и сиромашните, ќе се соберат средства за борба против климатските промени и друго.

Абигејл Дизни

Писмото е насочено кон сите кандидати за претседател на изборите во 2020 година. Милијардерите повикуваат на „умерен” данок на богатството на најбогатите 75.000 семејства во земјата – или 10 отсто од најбогатиот 1 процент. Некои од кандидатите на демократите за шеф на државата веќе предложија сличен данок.

Сенаторката Елизабет Ворен, која ја поддржува идејата, предлага оданочување со 2 отсто на сите средства над 50 милиони или повеќе, како и со 1 процент кога богатството е над една милијарда. Се очекува ова да генерира дополнителни приходи за државната каса од речиси три билиони долари во следните 10 години.