Сорос финансирал група која се залагала за одложување на Брегзит!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


450.000 евра е цифрата која ја донирал американскиот милијардер, Џорџ Сорос на групата „Најдобро за Британија“ преку своите фондации. Тие воглавно се залагале за одложување на Брегзит, соопшти претседателот на групата, Марк Малок Браун.

„Фондацијата на Џорџ Сорос, заедно со други големи донатори, дадоа значаен придонес во нашата работа. Преку своите фондации тој даде 450.000 евра“ изјавил за Ројтерс Малок-Браун.

Групата „Најдобро за Британија“ се залага за одложување на Брегзит и повторно одржување на референдум за членство во ЕУ.

„Сметаме дека британскиот народ заслужува да има конечна одлука за договорот за Брегзит и веруваме дека државата е измамена. Ова е демократски и патриотски обид да ја повратиме нашата иднина и ја поздравуваме помошта од многу кругови“ истакна Малок-Браун.