Home Шоубизнис Сопругата од Шумахер го загуби судскиот спор против списанието Die Aktuelle

Сопругата од Шумахер го загуби судскиот спор против списанието Die Aktuelle

Корина Шумахер, сопругата на седумкратниот првак во Формула 1, Михаел Шумахер, го загуби судскиот спор во кој го тужеше магазинот Die Aktuelle поради „залажувачката“ насловна страна.

Корина го тужеше списанието на сума од 50.000 евра поради објавување на приказната со наслов „Корина Шумахер – новата љубов ја прави среќна“ во придружба со нејзина фотографија на насловната страна на списанието.

Приказната, всушност, се однесува на нејзината ќерка Џина Марија Шумахер, која пронашла нова љубов. Адвокатот на Корина, Феликс Дем, поднесе тужба тврдејќи дека насловната страна со насловот ја залажуваат јавноста.

Но, судот во Хамбург ја отфрли тужбата во петокот, откако востанови дека насловот не укажува на тоа дека Корина се развела од својот сопруг.

47-годишната сопруга на бившиот Формула 1 шампион ретко се појавува во јавноста, но неодамна беше видена како го следи дебито на својот син Мик на стазата во Силверстоун во трката на болиди во Формула 3.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …