Home Актуелно СОНК го стави штрајкот во мирување додека МОН да најде пари за покачување

СОНК го стави штрајкот во мирување додека МОН да најде пари за покачување

Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) го става во мирување штрајкот на просветните работници до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование.

Како што изјави денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков, синдикатот чека Министерството за образование да се изјасни што побрзо за нивните барања во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци итн.

Министерот за образование, Арбер Адеми, пак, истакна дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација, изразувајќи надеж дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за зглемување на платите.

МОН побарале уште неколку дена за да може да се обезбедат пари покачувањето да важи од јануари.

„Јас го поканувам СОНК утре во просториите на МОН за посебна рунда преговори каде што ќе се знае конечната одлука“, рече Адеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…