Home Актуелно СОНК го одби предлогот на МОН: Образование од 11 ноември оди на генерален штрајк

СОНК го одби предлогот на МОН: Образование од 11 ноември оди на генерален штрајк

Откако не го прифатија предлогот на Министерството за образование и наука за покачување на платите од 10 отсто, од СОНК најавија генерален штрајк со почеток на 11 ноември.

Иако не прецизираа точно колку да биде покачувањето бараат да биде повисоко од 10 отсто и наместо од април да важи од први јануари.

Ако во рок од 15дена барањата не се исполнат ќе има целосен прекин на наставата.

Од СОНК побараа и воведување на К-15, почитување на колективните договори и исплата на прекувремените работни часови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…