Home Актуелно Сончево време со температури до 36 степени Целзиусови

Сончево време со температури до 36 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен и северозападен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Дневната максимална температура ќе се движи меѓу 29 и 36 степени Целзиусови.

Во наредните денови времето ќе за задржи малку до умерено облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во понеделник минималната температура ќе биде во интервалот од 14 до 21 степени Целзиусови, а максималната од 29 до 36 степени. Во вторник, минималната со вредности од 15 до 22 степени, а максималната од 30 до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…