Сончево време со мала до умерена локална облачност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степена.