Сончево со услови за поројни дождови во попладневните часови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денеска се очекува да биде сончево, а во попладневните часови во западните делови ќе има и појава на поројни дождови проследени со грмежи.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.