Home Актуелно Сончева јануарска среда

Сончева јануарска среда

Денес, 15 јануари, среда, во Македонија времето во текот на денот ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. По котлините претпладне ќе се задржи облачно и магливо.

Утринската температура ќе се движи од минус два до еден степен, а дневната температура ќе се движи од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…