Сончева и топла среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, среда, 20. јули, ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 Целзиусови степени, Маврово 26, Битола 30, Крива Паланка 31, Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 36.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се движат од 29 до 40 степени.