Home Актуелно Сончева и топла среда

Сончева и топла среда

Трети март во Македонија носи сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Mаксималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 13, Битола и Крива Паланка 14, Берово 12, Кавадарци 16, Дојран 18.

Прогнозата за времето и за утре е претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Дневните температури ќе се движат од 10 до 20 степени.

Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…