Сончева и потопла среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, среда, 3. ноември, времето во Македонија ќе биде сончево, со умерена облачност и потопло.

Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.