Home Актуелно Сончев вторник

Сончев вторник

Денешниот вторник, 12-тиот ден од јули, во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 Целзиусов степен. УВ – индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури во постепен пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…