Актуелно

Сончев вторник

Првиот јануарски и прв вторник во 2021 година во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од 6 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 9 степени. Маврово 3, Охрид 6, Битола 7, Кавадарци 11, Дојран 13, Крива Паланка 7, Берово 6.

Во следните денови повторно времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.

To Top