Home Актуелно Сончев втор декемвриски ден

Сончев втор декемвриски ден

Денеска, 2. декември, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид и Битола 10, Крива Паланка 8, Берово 9, Кавадарци 11, Дојран 14.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 7 до 15 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…