Home Актуелно Сончев петок со малку покачени дневни температури

Сончев петок со малку покачени дневни температури

Овој февруарски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од -10 до -2, а дневната од 4 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на стабилно, сончево време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Во текот на ноќта кон недела во источниот дел од земјата ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд, на планините од снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…