Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Денешниот јунски вторник во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне 35 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка и Берово 30, Кавадарци 36, Дојран 38.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се движат од 27 до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…