Home Актуелно Сончев и топол последен мартовски ден

Сончев и топол последен мартовски ден

Времето во Македонија денеска, петок, 31. март, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност со слаб ветер променлив правец и дневна температура до 20 Целзиусови степени. Маврово 14, Охрид 16, Битола 19, Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 22.

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Попладне ќе има краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 23 степени.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…