„Титаник 2“ е завршена приказна за Мијалков – нема да одговара поради застарување на делото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Случајот „Титанк 2“ кој своевремено го отвори бившото Специјално јавно обвинителство за поранешниот екс директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, веќе е минато бидејќи денеска пропадна последната шанса Апелациониот суд да донесе одлука пред неговото дело законски да застари на 7 април.

Денешната јавна седница во Апелација се одложи бидејќи освен Мијалков и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими не се појави никој друг од странките – лидерот на ДПА, Мехдух тачи и поранешните членови нас Државната изборна комисија (ДИК), Срцев, Стефанова и Сајкоски па судијата Ѓорги Ристов единствено му преостана да ја презакаже седницата за 13 април, датум кога делото на Мијалков веќе е застарено.

Судијата Ристов кажа дека од документацијата може да се заклучи дека странките не биле уредно поканети а во контакст на тоа беше и изјавата на Ибраими кој кажа дека дошол бидејќи донзал за седницата иако не бил повикан.

Случајот „Титаник 2“ се однесува на изборни нерегуларности од 2013 година. Мијалков во договор со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, успеа да ги поништи резултатите од изборите на неколку избирачки места во Струмица а со тоа и победата на тогаш опозициската СДСМ, благодарение на гласовите на членовите на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во ДИК.

Судскиот процес почна во 2017 година и во 2019 финишираше со осудителни пресуди. Мијалков доби казна затвор во траење од три години за делото „примање наградата за противзаконито влијание“. Апелација, во декември 2019 година, ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење кое траше до јануари годинава кога Мијалоков повторно беше прогласен за виновен и осуден овој пат на две години казна затвор. Пресудата повторно беше обжалена и потона со законските рокови.

Во декември мината година, Апелациониот суд поради „суштествени повреди на постапката“ ја укина пресудата „Таргет – Тврдина“ и случајот го врати на повторно судење. Тогаш јавноста дозна дека предметот од непознати причини бил чуван девет месеци во фиока од судијата известител Енвер Беџети. Судскиот совет формираше комисија која изврши увид во предметот и списите и ги потврди наодите. Одговорност од судиите во Апелација немаше а можностите за застарување на постапката станаа се поизвесни.

Минатата недела Мијалков и неговиот адвокатски тим успеа да извојува „две победи“ бидејќи Апелациониот суд одлучи да му ја замени затворската казна од 15 месеци за случајот „Плацеви на Водно“ со условна осуда во траење од четири години. Тој се гонеше за кривичното дело помагање при „перење пари“. Клучот во одлуката на Апелациониот суд е дека Мијалков не превзел „реални туку вербални дејства“ а потоа Апелација ја потврди и ослободителната пресуда за случајот „Тортура“ и апсењето на Љубе Бошкоски.

Од шесте предмети каде Мијалков беше обвинет единствена правосилна затворска казна која за сега ја има е тригодишната затворска казна за случајот „Империја“ и тоа откако тој се спогоди со Обвинителството и призна вина.
Казната ја издржува во отворениот затвор во Струга откако скопската адреса на живеење ја смени со охридска и се приклучи кон „ВИП осудениците“ во Струга.

Во моментов активни предмети каде е обвинет Мијалков се „Трезор“ и „Таргет – Тврдина“ за масовното прислушување. И во двата предмети Апелациониот суд минатата година ги укина првостепените прсуди со кои Мијалков за двата предмети беше осуден на речиси 20 години затвор. Мора да се напомене дека ризик има и кај случајот „Tаргет – Тврдина“ бидејќи делото му застарува на почетокот на 2025 година и доколку дотогаш судскиот процес не заврши тој ќе избегне одговорност за масовното прислушување.