Сончев и топол последен јунски ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот јунски ден, петок, во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата наутро ќе биде од 8 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 22 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот денеска ќе биде 8.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

Во деновите од викендот, според прогнозите на УХМР, се очекува времето претпладне да биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои место можно е и појава на невреме.

Температурата ќе биде од 23 до 34 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје викендов се очекува претпладне времето да биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината во форма на невреме. Температурата ќе биде до 23 Целзиусови степени.