Сончев и топол четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, четврток, 22. јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец и дневан температура до 34 Целзиусови степени. Маврово 26, Битола 30, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 35.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Дмевните температури ќе се движат од 27 до 35 степени.