Софијанова се пофали дека ја назначиле за редовен професор на Медицинскиот факултет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Д-р Аспазија Софијанова, педијатар од Детската Клиника при Клиничкиот Центар Мајка Тереза, стана редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

„Редовен професор, дел од животот кој вреди да ги дадете своите вештини, знаење, спасени животи на илјадници доенчиња и деца и семејства, поминување ноќи и денови во мојата втора домашна Универзитетска детска болница, несебично давање душа и знаење за подобра насмевка, за здрави деца и за земјата во која живеам.

Посветено на татко ми Никола Софијанов, ќерките Марија Спасовска и Анастазија Наумовски“, напиша Д-р Софијанова на својот фејсбук профил.