Сончев и топол четврток

И денешниот седми јулски ден, четврток, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се двиѓат од 25 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени, Маврово 25, Охрид 29, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.

Утре времето ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер