Home Актуелно Сончев и топол четврток

Сончев и топол четврток

Денес, 27 јуни, според метеоролошката прогноза, ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 25 до 36 степен целзиусов. Најтопло се очекува да биде на југоистокот од земјата, со максимални 36 степени во Гевгелија.

Во главниот град се очекува сончево време со мала до умерена облачност и максимални дневни 34 степени.

Надлежните поради високиот стене на УВ индекс ги советуваат граѓаните да не излегуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да пијат повеќе течности особено вода, да носат светла облека, наочари за сонце и шапка, а хроничо болните лица да ја примат редовно терапијата препишана од лекар.

Според УХМР во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…