Home Актуелно Сончев и тивок петок

Сончев и тивок петок

Времето во Македонија денеска, петок, 25. февруари, ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Маврово 8, Охрид и Битола 13, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 16, Дојран 18.

Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Врнежите ќе бидат пообилни во недела, кога ќе дува засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…