Home Актуелно Сончев четврток со умерена облачност

Сончев четврток со умерена облачност

Денес, четврток, 21 ноември, времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од нула до 10 степени, а дневната температура од 10 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 15 Целзиусови степени. Во Маврово 10, Охрид 15, Битола и Крива Паланка 14, Кавадарци 16, Берово 13, Дојран 19.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд, претежно во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…