Home Вебкафе Соиграчите во Палмеирас физички го малтретираа и понижуваа – тој им ја зададе најслатката одмазда (снимка)

Соиграчите во Палмеирас физички го малтретираа и понижуваа – тој им ја зададе најслатката одмазда (снимка)

Во 2017 година на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаше како играчите на Палмеирас го малтретираат, тепаат и врзуваат нивниот млад соиграч Рожер Гуедеш (1996).

Наводно, тоа го правеле релативно често, демек да го челичат пред клучните натпревари. Дури ниту тренерот не реагирал на овие понижувачки и малтретирачки сеанси од играчите врз Гуедеш. Поради тоа, тој најпрво заминува на позајмица во Атлетико Минеиро, а потоа заминува и во Кинеската суперлига.

Во 2021 година прави трансфер во „крвниот непријател“ на Палмеирас, бразилскиот Коринтианс, во чиј дрес на бившите соиграчи им ја нанесе најслатката одмазда за малтретирањето постигнувајќи два гола во нивната мрежа.

@zarr_rasyid #rogerguedes ♬ Minefields – Faouzia & John Legend

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…