Home Спорт Со реми на гости кај Веспрем Вардар се збогува од Лигата на шампионите оваа година

Со реми на гости кај Веспрем Вардар се збогува од Лигата на шампионите оваа година

Вардар вчера со реми кај Веспрем на гостински терен се збогуваше со настапите во Лигата на шампионите за оваа сезона. Откако во Скопје црвено-црните беа поразени со 22:30, во „Веспрем Арена“ одиграа реми 31:31.

Тргна добро Вардар, отвори преку Дибиров кој го одигра последниот натпревар за Вардар во ЛШ, но потоа следуваше подобра игра на домаќините кои во ниту еден момент од натпреварот не го доведоа во прашање својот пласман во четвртфиналето.

Вардар констатно беше во негатива, иако посебно во второто полувреме на голот го имаше расположениот Васил Гогов. Веспрем попушти во финишот кога Вардар започна да се доближува.

Најефикасни кај Вардар беа Моралес и Кевин Њокас со по шест и пет гола, додека Томовски и Гогорв заедно собраа 15 одбрани. Треба да се истакне дека Гогов имаше одличен процент на одбранети удари (60%). Кај Веспрем Јахија постигна седум, Нилсон пет гола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…