Со почитување на правилата и препораките вработените во маркетите не можат да ја заразат храната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку ги следат правилата и препораките за заштита од коронавирусот, како и стандардните лични хигиенски принципи и навики, вработените во маркетите не би требало да ја загадат храната.

Мерки, како што е често миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција на рацете, употреба на заштитна облека, добра респираторна хигиена, ќе го намалат ризикот од ширење на болеста, порачуваат Светската здравствена организација (СЗО) и Организацијата за земјоделство и храна (ФАО) во заедничкиот водич за Ковид-19 и безбедноста на храната.

СЗО и ФАО како дополнителен начин за заштитаа ги посочуваат регулирањето на бројот на купувачи во продавниците, чекањето во редици со растојание, поставување на средства за дезинфекција, ознаките на подот од маркетите за да се држи растојание,…

„Иако засега нема научни докази кои сугерираат дека храната е поврзана со пренесување на Ковид-19, важно е да се одржува хигиената околу полиците каде е поставена храната во маркетите, а потрошувачите да ги мијат овошјето и зеленчукот пред консумација“, велат од СЗО и ФАО.