Home Актуелно Со кирија од 30.000 долари – МекДоналдс отвори ресторан во Ватикан

Со кирија од 30.000 долари – МекДоналдс отвори ресторан во Ватикан

МекДоналдс отвори ресторан во Ватикан, и покрај протестите на локалното население и кардиналот.

Ресторанот за брза храна се наоѓа во приземјето на зградата која е оддалечена неколку метра од Плоштадот Свети Петар. Отворањето на ресторанот мина без велика помпа.

МекДоналдс ќе му плаќа 30.000 евра на Ватикан за простор од 538 метри квадратни.

Отворањето на ресторанот предизвика голем број критики од страна на лицата кои сметаат дека тоа е сквернавење на светото место. Кардиналите што живеат над ресторанот се огорчени, велејќи дека никој не ги консултирал. Загрижени се дека ќе мораат да ја платат адаптацијата на зградата.

МекДоналдс не ги коментираше критиките.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…